Николче Шаркоски е нов играч на Вардар

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар се засили со Николче Шаркоски за новата сезона од Првата македонска фудбалска лига. 30-годишникот во Вардар доаѓа од охридскиот прволигаш Воска Спорт, се работи за поливалентен фудбалер кој може да игра на десната странична позиција, но и во средниот ред.

Во својата кариера Шаркоски има настапувано за Победа од Прилеп, Работнички, Брера Струмица и последно Воска Спорт.

Шаркоски има одиграно 193 натпревари во Првата македонска фудбалска лига, а на истите има постигнато 25 погодоци и има запишано 21 асистенција.

Како што веќе објавивме Вардар застанува на здрави нозе, откако доби генерален спонзор кој ќе вложи еден милион евра. Минатата сезона Вардар преку баражот се спаси и остана во Првата лига, откако со 2:0 славеше на Детонит Плачковица во Струмица, а за новата сезона од елитата Вардар влегува со високи цели.

Александар Ванев, М-Нет