
Третолигашот Шкендија од Арачиново за новата сезона дефинитивно влегува како главен и прв фаворит за првото место и баражот за Втората лига. По многуте засилувања за кои претходно објави телевизија М Нет, следува нов бран на нови засилувања.
Најзвучно засилување во Шкендија Арачиново е голманот Бурхан Мустафа кој доаѓа од редовите на прволигашот Воска Спорт од Охрид. 34-годишниот голман ќе биде големо и важно засилување на голманската позиција на Шкендија Арачиново, а во својата кариера покрај за Воска Спорт има настапувано и за Брера Струмица, Гостивар, Работнички, Борец од Велес, Шкупи, Еуромилк ГЛ, Дрига Боговиње и Милано Куманово на домашната сцена, а на меѓународната сцена беше дел од Феризај од Косово.
Во Шкендија Арачиново пристигна и Христијан Димов од редовите на Куманово, екипа која лани беше шампион во Трета лига – Север, но го загуби баражот од второлигашот Победа.
Претходно, 24-годишникот беше дел од екипите на Скопје, Каменица Саса, Вардар, Работнички, а една сезона имаше авантура во Хрватска.
Претходно, за што веќе објави телевизија М Нет беа промовирани Борјан Тодоровски, големото и звучно засилување од Првата лига Љупче Трпески кој пристигна од Воска Спорт, Јусуф Алиу кој дојде од редовите на второлигашот Детонит Плачковица, Емре Рамадани, Фатмир Арифи, а во новата сезона дресот на Шкендија Арачиново ќе го носат и Адем Саиди и Артан Чилафи.
Во следниот период ќе бидат промовирани уште неколку квалитетни засилувања со прволигашко и второлигашко искуство, со што Шкендија Арачиново ќе се наметне како прв фаворит за првото место во Трета лига – Север, а со тоа да игра и во баражот за Втора лига.
Александар Ванев, М-Нет