Ставен под контрола пожарот кај Радовиш, екипите ќе дежурат на терен

Продолжува борбата со огнената стихија во радовишко каде гори борова шума. Постојано екипите на терен дејствуваат во гасењето на пожарот бидејќи се работи за голема површина од 100 хектари борова шума. Градоначалникот на Радовиш, Ацо Ристов вели дека состојбата сега е под контрола, но со температурите привремено се јавуваат повремени пламени од пожарот.

„Ние веќе трет ден се бориме со оваа огнена стихија, односно непогода, бидејќи ваков голем шумски пожар со децении се нема случено кај нас. За сега работата ни е под контрола, се рабтои на голема територија од100 хекатри борова шума. Поради високите температури се случуваат и повремени пламени од пожарот и во моментот имаме и затоа денеска ни се прошири пожарот кон Плачковица.“ – изјави Ристов

Градоначалникот на Радовиш Ацо Ристов посочи дека пожарот кој беше непосредно до градот е саниран во последните 48 часа е изгаснат и е ставен под контрола. На терен се интрвенира со целиот расположлив персонал, противпожарната единица, Јавното претпријатие и Армијата. Додека имотите на населението се заштитени.

„Ако е вака стабилно времето се надевам дека до крајот на денот ќе го локализираме, но меѓутоа овој пожар ќе трае сигурно недела две како потенцијално жариште и ние постојано ќе бидеме на терен се додека ова не се стабилизира.“ – додава Ристов

Првично според информациите околу 150 до 200 хекатри борова шума се опожарени, но велат дека подрачјето е поголемо, па додаваат дека точното мерење ќе се направи откако ќе се стабилизира самата ситуација. Повредени лица нема, вклучени се само неколку доброволци, но пожарот е опасен и треба соодветна опрема и ангажирани се само професионалци.

Лаура Стојанова, М-Нет