Денес ќе се изврши трето прскање против комарци во Македонска Каменица

Денеска во доцните часови ќе се изврши трето прскање против комарци во општина Македонска Каменица. Третирањето ќе се изврши во централното градско подрачје со вкупна површина од 200 хектари.

„Општина Македонска Каменица упатува Соопштение до граѓаните дека во среда на 17. јули 2024 година, во доцните вечерни часови ќе биде спроведено (трето) терастично третирање против комарци во централното градско подрачје на вкупна површина од 200 хектари. Прскањето против комарци ќе се врши со еколошко средство за уништување на комарци – широкопојасен инсектицид за третирање на комарци, одобрен од Бирото за лекови. Граѓаните што одгледуваат пчели потребно е да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по третирањето на подрачјето.“- велат од општината

При несоодветни временски услови, третирањето против комарци ќе се одложи за следниот поволен ден.

Лаура Стојанова, М-Нет