Македонските одбојкари ги започнаа подготовките за квалификациските натпревари за Европското првенство

Одбојкарската репрезентација на Македонија ги започна подготовките за квалификациските натпревари за Европското првенство. Нашата репрезентација постојано е во престижното друштво во последните пет години, а за да се пласираме на ново Европско првенство, треба Македонија да ја помине квалификациската група со Грција и Грузија.

Капитенот на одбојкарската репрезентација, Никола Ѓоргиев вели дека нема да биде лесно, зборуваше за новиот циклус подготовки и очекувањата од првата фаза на квалификации.

Селекторот Хари Наковски ги собра одбојкарите во Маврово, каде што ќе се реализираат подготовките, а потоа репрезентацијата ќе тестира со Црна Гора и Швајцарија, а дома ќе те бруси формата на турнирот „Чајка“ со уште два противника.

Првиот квалификациски натпревар за Европското првенство 2026 Македонија го игра на 17. август против Грузија, а вториот меч е закажан за 25. август против Грција.

Александар Ванев, М-Нет