Пламените јазици во село Драгоево и подрчјето Штркалево пополека стивнуваат, ризично е на воениот полигон

Пламените јазици кај селото Драгоево и подрачјето викано Штркалево кое се наоѓа помеѓу штипското село Драгоево и Воениот полигон Криволак полека се спуштаат, посочи командирот на ТППЕ, Благој Ренџов. Состојбата се следи а засега најризично место за дејствување е Воениот полигон бидејќи има неиспукана муниција. На терен се испратени околу 40 до 60 војници како и две возила, една цистерна и еден џип со осум пожарникари од ТППЕ, Штип

„Во моментот критично е кај селото Драгоево каде што пополека се спуштаат пламените јазици и на местото вика Штркалево спроти Воениот полигогн. На терен рано наутро е излезена војска со околку 40 до 60 војници, излезени се од ТППЕ две возила, една цистерна и еден џип со осум пожарникари“ посочи Ренџов

Пожарникарите на терен се уште мака мачат со гаснењето на пожарите каде пламените јазици заземаат се поголем интензитет. Градоначалникот Иван Јорданов посочи дека треба да се делува од воздух со цел да се локализираат огнените стихии. Дециден е дека со најавената поддршка и помош од соседните земји ситуацијата ќе се нормализира

„Потребно е делување од воздух поддршка од воздух за да се изгаснат и локализираат овие огнени стихии но коа што ни го имавме и имаме како план е да се наосичи да се конторлира огнот и пожарот ко пто на овие локации веќе неколку денови е активен. Се надевам еве со најавената поддршка и до соседните држави од воздух дека ќе се справиме со овој предизвик. Во постојана комуникација сме со сите институции“ вели Јорданов

Во изминатите денови најпрво помош за гасење на пожарите изрази Турција, каде испратија ер трактори и хеликоптери, исто така најавена и побарана е помош и од Словенија, Србија, Црна Гора.

Лаура Стојанова, М-Нет