
Уште еден голем успех за штипскиот пливач Методи Георгиев кој учествуваше на Меѓународниот пливачки митинг „Montenegro Open 2024“ во Подгорица, Црна Гора, каде постави личен рекорд на 200 метри делфин и го освои високото четврто место.
На Меѓународниот пливачки митинг во Подгорица, Црна Гора, учество земаа 420 плувачи од Албанија, Азербејџан, Косово, Босна и Херцеговина, Полкс,а Србија, Словенија, дел од репрезентацијата на Турција, Германија, Соединети Американски Држави, Црна Гора и Македонија.
За Георгиев ова е одличен успех, со оглед на тоа дека на овој Меѓународен пливачки митинг конкуренцијата беше голема, а дополнително добива на тежина со оглед на фактот што учество земаа пливачи од големи и силни репрезентации.
Георгиев претходно во изјава за телевизија М Нет го најави учеството на „Montenegro Open 2024“, откако претходно учествуваше на Меѓународен пливачки митинг во Босна и Херцеговина, каде го осови сребрениот медал.
Александар Ванев, М-Нет