Се враќаме на минатото, не потсетува на убави спомени, музиката е лек за душата велат штипјани

Утрото ни започнува со песна и денот ни продолжува така, понекогаш знаеме и работните активности да ги извршуваме со песна. Народна, забавна и странска е музиката која секојдневно се слуша, велат штипјани. Децидни дека секоја музика зад себе крие длабоки чувства на среќа и радост не само за нас луѓето туку за сите живи суштества.

„Претежно слушам народна музика, слушам и забавна. Музиката помага, релаксира и јас сум музичар и свирам на хармоника и помага, многу помага чувствуваме се по свежи и по весели. Со музика подобро оде и самата работа. Јас сум гледал многу пати на работниците им пуштаат музика и работниците по добро работат, особено работниците во конфекциите, често слушаат музика. Дури имам забележано кога на животните им пуштете музика и тие се чувстуваат по добро, се движат. Секаква музика слушаме и македонска и српска и турска и циганска. Музиката на човекот е и здравјето и се. Пушташ си музика и готово се заборавиш, ако имаш и болест музиката е здравјето за човекот.“ – велат штипјани

Честото расположение на младите е предизвикано од убава музика, но и убавата музика зад себе крие убави спомени и сеќавања на настани кои се случиле во минатото. Анкетираните граѓани велат дека со секоја значајна песна се разнежнуваат и се сеќаваат на нешто убаво од младоста.

“Музиката е убава за расположение на младите. Јас слушам на пример српска, народна, наши, забавни. Да, да од прошлости, на пример од Мишо Ковач тие по врвните пеачи те потсетува на младоста нормално. Децата со попреченост ја слушаат музиката и тие ја повеќе сакаат од другите деца можеме да дојдеме до заклучок. Реагираат, многу се весели , се чувстувааат по олабавени и по слободни. “ – додаваат штипјани

Посочиа дека и дечињата со пречки во развојот многу сакаат да слушаат музика, затоа што се чувствуваат слободни, бидејќи музиката претставува уметност која се состои од звуци и тишина, искажани преку времеснска единица. Елементите на звукот се користат во музиката со интензитетот, ритамот и вокалните квалитети, како што се артикулацијата, динамиката и текстурата.

Лаура Стојанова, М-Нет