Меморијална изложба на фотографии „Окото на ангелот“ за Александар Ефремов

По повод роденденот на талентираниот штипски фотограф Александар Ефремов, кој трагично го загуби својот живот во кобниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година, во Штип ќе се одржи меморијална изложба на негови дела насловена „Окото на ангелот“.

Овој емотивен настан ќе се одржи во Уметничката галерија Безистен во Штип, каде што свеченото отворање е закажано за 28 септември 2026 година, со почеток од 18:30 часот. Поставката ќе биде достапна за јавноста во следните денови, а заинтересираните граѓани ќе можат да ги погледнат фотографиите сè до 30 септември 2026 година, до 15:00 часот.

Александар беше една од жртвите на оваа голема трагедија што ја потресе целата држава, а неговиот прерано згаснат живот и извонреден уметнички талент ќе бидат чествувани токму преку неговата најголема љубов – фотографијата.

Ева Тушевска, М-Нет