
Пожар избувна на планината Серта меѓу штипските села Драгоево и Селце. Според информациите од градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов станува збор за пожар кој е пријавен попладневно и не е поврзан со огнената стихија во неготинско, а која исто така е на планината Серта, но од другата страна.
-Во моментов на терен се пожарникари, доброволци и волонтери од месното население од село Драгоево. Станува збор за пожар кој е на непристипаен терен, а во моментов на лице место се над 30 луѓе, вели Јорданов.
Тој посочи дека вечерва ќе се дежура од страна на пожарникарите и месното население, со цел да не се доближе до селото Драгоево. Јорданов најави дека уште рано наутро ќе бара пожарот да се гасне од воздух.