
Со интонирање на химната, музички точки рецитал денеска во Кочани се реализираше завршинот настан од проектот „ Подобро општество за слепите лица во Кочани“. На настанот слепите и слабовидни лица во Кочани имаа можност да ги покажат своите способности и вештини пред присутните во Мултикултурниот центар во Кочани. Целта е да се едуцираат, да се мапират проблемите и да се помогне.
„Целта на овој проект е да ги информираме слепите лица, да ги мапираме проблемите во Општина Кочани, да имаме поголема социјализација на истите како и поголема едукација. Има големи проблеми во нашата општина. Еден најголем проблем е што немаме добри патеки по кои можат да се движат слепите лица, а како решение се тактилните патеки ккои во некои држави веќе постојат“ – вели Соколоска.
Настанот е дел од активностите за одбележување на патронот на градот Кочани, Петрводен. Градоначалникот, Љупчо Папазов истакна дека општината ги поддржува ваквите активности, а во овој проект учествува со кофинансирање од 20% од вкупната сума.
„Поддршката во делот на кофинансирањето на овој проект, Општина Кочани учествува со 20% од вкупната вредност“ – вели Папазов.
На настанот се доделија благодарници, се играа забавни игри како „Не лути се човече“, табла, шах и слично, а се обезбедија и книги со брајово писмо и помагала за слепите лица.
Лаура Стојанова М-Нет