
Ракометниот прволигаш Младост од Богданци и во новата сезона влегува со амбиции за враќање во Суперлигата, откако и минатата сезона имаше амбиции за Суперлигата, откако не успеа да ја издржи борбата за првото место како што заврши Бисинов, се насочи кон второто место, каде пак заврши Радовиш кој преку баражот се избори за експресно враќање во Суперлигата.
Амбиции на Младост за новата сезона се потврдуваат со ангажманот на Андреј Шулевски, 19-годишен играч висок два метри, а доаѓа од младинската екипа на Еурофарм Пелистер од Битола.
Неговата позиција е пивот а главната задача треба да ја има во дефанзивата каде од него се очекува да биде еден од главните одбранбени играчи во тим од Богданци. Се работи за млад, корпулентен и талентиран играч од кој се очекува многу во иднина.
Претходно Младост се засили на бековската позиција со Ѓорѓе Орешков, а во следниот период се очекува уште неколку засилувања.
Александар Ванев, М-Нет