Штипјанецот Мартин Давков на голот на Брера Струмица

Брера Струмица продолжува со промовирање на нови засилувања за новата натпреварувачка сезона во Првата македонска фудбалска лига, а овој пат промоција на нов голман, станува збор за 25-годишниот Мартин Давков.

Штипјанецот доаѓа од Брегалница која испадна во Втората македонска фудбалска лига, лани беше чувар на мрежата на Брегалница каде за штипскиот состав во последната сезона бранеше на 21 натпревар.

Во својата кариера Давков освен за штипска Брегалница, беше дел и од прволигашот Тиквеш од Кавадарци и Кит Го од Пехчево, кога оваа екипа настапуваше во Втората лига.

Минатата сезона Брера Струмица заврши на седмото место со 42 бодови и скор од 11 победи, девет ремија и 13 порази, а како што претходно објави телевизија М Нет, во новата сезона Брера Струмица влегува со повисоки цели, односно атак на местата за излез во Европа.

Александар Ванев, М-Нет