Трифуноска и Балоска нови засилување за ЖРК Вардар, продолжена соработката со Ристовска

Женски ракометен клуб Вардар е доста активен на трансфер пазарот, а клубот сега промовираше уште две нови засилувања.

Ростерот за новата сезаона е засилен со десниот бек Ивана Трифуноска и средниот бек Елена Балоска кои доаѓаат од екипата на Стружанка.

Двете ракометарки ставија потпис на двегодишен договор, а Вардар ја продолжува соработката со Мила Ристовска, која останува верна на клубот откако стави потпис на нов двегодишен договор.

Вардар мисли на иднината со ангажманот на млади и талентирани ракометарки.

Митата сезона Вардар заврши на 4. место на табелата со 61 освоен бод, а имаше скор од 20 победи, едно реми и пет порази.

Александар Ванев, М-Нет