Овој викенд јубилејно 20. издание на „Ја сакам Плачковица 2024“

Овој викенд ќе се одржи дваесетото јубилејно издание на outdoor фестивалот „Ја сакам Плачковица 2024“. Милорад Ангелов кој што е еден од организаторите на овој настан вели дека е голема честа и задоволството што по 20-ти пат ќе се организира овој настан на планината Плачковица.

Плачковица треил ќе биде трка во должина од 18 километри со висинско качување од 750 метри.

Во недела од 13 часот на програмата ќе биде „опен деј“ качување на вештачка карта за почетници и авантуристи.

20 годишното издание од „Ја сакам Плачковица“ ќе биде одбележано со штипската рок сцена.

На овој настан ќе се одржи и новата дисциплина Виа ферата на врв „Лисец“ на планината Плачковица.

Интересот за овој спортски настан е голем, а самиот настан ќе биде заокружен во недела од 21 часот со заедничко следење на финалето од Европското првенство.

Александар Ванев, М-Нет