
Околу 15 пријави во претходниот топлотен бран кои се однесуваат за странски инвестиции, конфекциски погони, производствени погони, но и превоз на работници и работа на отворено вели Кристина Ампева, претседател на здружението за заштита на работнички права „Гласен Текстилец“ – Штип. Децидна дека само во една компанија мерењата на температурата се нормални, а во многу останати има забалежано неправилности. Препораките за одбегнување на работа на оворено во топлотен бран и високи температури се однесува и на градежните работници кои во текот на цела година работат на терен и се изложени на најголем број смртни случаи и повреда на работно место.
„Особено се однесува за работиците кои работат на отворено, односно на автопатишта, градежни објекти и слично. Работници кои во текот на целата година се соочуваат со најголем број на смртни случаи на работа и најголем број на повреди на работно место, неосигурани луѓе. Инспекциските служби се на терен со капацитетите кои ги имаат или немаат, затоа ние како здружение стоиме на распоалагање.“ – вели Ампева
Вработените во конфекциските погони честопати се соочуваат и со колапс состојба и бараат помош од итната медицинска помош, децидни дека со таквиот проблем се соочуваат и во погони во Кочани каде не се користат клима уреди.
„За во автобусите не знам, знам за внатре во конфекциските погони имаме сознание да, поради тоа што не дека не ги вклучуваат климите помина тој период, дали сакаат повеќе да штедат, имаме пријави дека им се слошувало на работниците каде реагирала и брзата помош. Не само во Штип, минатата топлотен бран и во Кочани. “ -додава Ампева
Посочуваат дека за време на летниот период сите работници се соочуваат со сериозни проблеми. Овој период кога температурите ќе достигнат вредност над 42 степени, Ампева апелира и замолува да се дадат соодветни мерки и препораки за ослободување од работа за ризичните категории, возрасните лица, хронично болните и бремените жени. Меѓувреме постојано инспекторатот работи на терен за да не се работи на отворено на вакви високи температури.
Лаура Стојанова, М-Нет