
Вечерва со почеток од 20 часот во просториите на уметничката галерија „Безистен“ во Штип, ќе се одржи концерт на дуо пијано на штипските уметници Елена Ефремова и Петар Трбојевиќ каде настапуваат седум години по ред . Како дел од концептот на „Штипско Културно Лето“, тие ќе се претстават со добра подготвена програма на познати композиции, а граѓаните ќе имаат можност да уживаат во истата.
„Голема чест и задоволство е да настапиме на овој фестивал можеби еден од најстарите во Македонија и да се претставиме со програма од опусот на камерната музика од светскиот опус на познатите композитори, признати пред се класична музика. Концертот е во 20:00 часот се надевам дека ќе има како и до сега, добра посетеност и се надевам дека нашата публика ќе ужива во звуците на мене и на Елена.“ вели Трбојевиќ
Топло се покануваат сите заинтересирани сограѓани и фанови на музиката да бидат дел од публиката вечерва, бидејќи нивната чест е голема што се дел од овогодинешното издание на ШКЛ. Инаку Елена Ефремова и Петар Трбојевиќ се музички уметници кој уште од мала возраст се дел од музиката. Своето средно образование го завршиле во средното музичко училиште Сергеј Михајлов Штип, а своето факултетско во УГД.
Лаура Стојанова, М-Нет