Се асфалтира улицата 11 Октомври во Штип, во претстојниот период најавени нови градежни активности

Денес започнува асфалтирањето на улицата 11 Октомври во Штип, каде претходнио период се се изврши замена на реконструкцијата стара 50 години. За овој проект од буџетот на општина се одвоени 4.000.000 денари за промена на подземната инфраструктура, околку 2.500.000 денари за асфалтирање на коловозните ленти и 1.000.000 за реконструкција на тротоарските повшини, посочи градоначалникот Иван Јорданов.

„Денес се врши асфалтирање а од понеделник ќе се уредуваат тротоарските површини и со тоа ќе се направи целосна реконструкција на улицата 11- Октомври која како што напоменав пред 50 години била изградена. Повеќе од шест милиони денари се одвоени од Буџетот на општина Штиш за реконструкција на подземната инфраструктура, промена на водовод и канализација. Некаде околку 4.000.000 денари беа потребни за да се промени подземната инфраструктура, 2.500.000 денари се потребни за асфалтирање на коловозните ленти . И нешто помалку околу 1.000.000 денари се предвидени исто така од понеделник да се навлезе со реконструкција на тротоарските површини.„ вели Јорданов

Проект во кој ќе се работи во индина ќе биде месносна „Бело брдо“ урбаната заедница Слвачо Стојменски каде ќе се изврши целосна реконструкција на застарените улици кои со децении наназад претствавуваат пробелм за граѓаните

„Имам напоменато во минатото дека еве меснота „Бело брдо“ урбаната заедница „Славчо Стојменски“ ќе биде опфатена со реконструкција на застарените улици, затоа што по пријава и барање на граѓаните по долгогодишните проблеми ко9и што ги имаа со подземната инфраструктура редно е да се комплетно да се реконструираат и самите улици.„ посочи Јорданов

Во иднина градоначлникот посочи дека ќе се извршат градежни активности на повеќе локации во градот се со цел да се решат проблемите на граѓаните застарени со години како и тоа Штип да добие еден нов урбан лик.

Лаура Стојанова, М-Нет