
Во добра здравствена состојба е пронајден 83 годишникот од Пробиштип кој на 3 месецов беше пријавен за исчезнат. Од Спортско планинарското друштво Пробиштип велат дека заеднички со останатите институции реагирале и човекот навремено бил пронајден.
За М-Нет телевизија посочуваат дека во акцијата учествувале тие, заеднички со ОВР Пробиштип, ТППЕ Пробиштип како и месното население. Човекот бил пронајден на 4 јули околу 11 часот во село Долни Стубол, место викано „Бабабула“.
Од друштвото посочуваат дека постојано се вклучени во акции во кои е потребна нивната помош и се радуваат кога истите завршуваат среќно.
Лаура Стојанова, M-Нет