
Второлигашот Брегалница од Штип за новата сезона промовираше три нови засилувања. Станува збор за Зоран Ивановски, Давид Стојков и Грегори Давков.
Ивановски во Брегалница доаѓа од радовишки Детонит Плачковица и игра на десната крилна позиција. Во својата кариера 24-годишникот настапуваше за Брера и Беласица. 22-годишниот Стојков во Штип доаѓа од Тиквеш, а има настапувано и за Беласица, а потекнува од школата на Брера. Стојков ќе ги засили одбранбените редови на Брегалница.
21-годишниот Давков кој игра на левата бековска позиција доаѓа од Кожуф, а има играно и за Саса и Беласица, потекнува од Вардар.
Во новата сезона од Втората лига Брегалница ќе атакува на експресен „кам-бек“, а претходно беа промовирани и Јовица Радевски и Зоран Даноски, а напаѓачот Иван Глигоров го продолжи договорот. Во новата сезона на тренерското столче останува Трајче Сенев.
Александар Ванев, М-Нет