
На Арената „Тодор Проески“ во Скопје се одржа Купот на Македонија за Сениори и Сениорки како најголемото атлетско натпреварување организирано од страна на Атлетската Федерација на Македонија.
На овогодинешниот Купо на Македонија учество зедоа 20 клубови и 120 атлетичари. Севкупен победник на Купот на Македонија за 2024 година е Атлетскиот Клуб Делта од Скопје, за кого ова е 4-та освоена титула од ова натпреварување.
Во женска конкуренција прво место освои АК Куманово со 410 бодови, на второто место заврши АК Делта со 293 бодови, а на третото место заврши АК 7ми Мај со 274 бодови.
Во машка конкуренција најдобар беше АК Делта со 939 бодови, на второто место заврши АК Куманово со 517 бодови, а пак 7ми Мај заврши третото место со 279 бодови.
Кога е во прашање севкупниот екипен пласман екипата на АК Делта е прва со 1232 бодови, на второто место заврши АК Куманово со 927 бодови, а пак на третото место АК 7ми Мај со 553 бодови.
Александар Ванев, М-Нет