Панов верен на Младост доаѓа и Орешков, Јовановски во Еурофарм Пелистер 2, репрезентативно засилување за Бутел

Македонските ракометни клубови продолжуваат со формирањето на ростерите за новата сезона.

Прволигашот Младост од Богданци ја продолжи соработката со голманот Благој Панов кој и во наредната сезона ќе го чува голот на прволигашот од Богданци. Ново засилување во Младост е средниот бек Ѓорѓи Орешков, кој доаѓа од ланскиот суперлигаш Вардар од Неготино.

Орешков со тимот од Богданци се договори за соработка од една сезона, а во минатата сезона во дренот на Вардар Неготино беше еден од најдобрите стрелци.

Тимот го задржа речиси целиот ростер од минатат сезона, со исклучок на Никола Роглев кој ја заврши играчката кариера.

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 откако загуби во баражот од Радовиш и испадна во Првата лига, активно работи на ростерот за експресен „кам-бек“ во ракометната елита на Македонија.

Прво засилување ќе биде Мартин Јовановски, кој се враќа на голот битолскиот тим, а доаѓа од Анартозис од Кипар, каде што ја освои титулата во шампионатат, и има трофеи во Купот и Супер Купот на Кипар.

Бутел за новата сезона се засили со кадетскиот репрезентативец Матеј Новаковски, кој во Бутел доаѓа од тимот на Алкалоид и стави потпис на договор од три сезона.

Александар Ванев, М-Нет