Слога Виница главен фаворит во Трета лига – Исток за баражот, пет фудбалери на подготовки со Гостивар

Во новата сезона од Третата македонска фудбалска лига – Исток, главен фаворит за освојување на првото место и на баражот за Втората лига ќе биде екипата на Слога од Виница, која пред две сезони настапуваше во Втората македонска фудбалска лига.

За таа цел како што дознава телевизија М Нет раководството на Слога Виница активно работи на ростерот за новата сезона, а дополнително голема предност пред почетокот на летните подготовски на Слога е тоа што пет нивни фудбалери заминуваат на подготовки со прволигашот Гостивар.

До 14. јули на подготовки со Гостивар ќе бидат Александар Илиев, Октај Амедов, Михаил Воинов, Игор Ѓорѓиев и Асан Рифадов кои се вклучени во подготовките на Гостивар за новата сезона, а кои што подготовки се реализираат во Маврово.

Инаку, соработката меѓу двата клуба доаѓа откако турскиот инвеститор кој што инвестира во прволигашот Гостивар, започна со инвестиции и во Слога од Виница, па токму затоа и се случи оваа соработка, како и претходни за кои телевизија М Нет редовно информираше, а една од нив беше и пријателскиот натпревар на двете екипи.

Лани Слога Виница заврши на второто место и не успеа да го освои првото место и баражот, а во новата сезона влегува како главен фаворит и со тоа клубот од Виница да игра бараж за можен влез во Втората лига.

Александар Ванев, М-Нет