Највкусната кајсија во дворот на 77 годишната Станка носи род и по 100 килограми од дрво

Дворот на 77 годишната Станка од село Црвулево изобилува со прекрасни дрвца на кајсии. Лесно е да се одгледува, треба да се налее вода, да се поткопа и исчисти е се она што бара едно дрвце кајсии вели Станка. Многу е убаво кога од дворот ќе си скинеш тазе намирници за разлика од пазарот, додека да се донесат дома или ако постојат подолго време се расипуваат.

„Па само ова пролет, тревата да се исчисти да се пдокопа и вода да се дава. За кајсијата треба вода, кога има вода ќе се издржи, но малку ги фати сушата. Не е тешко, многу убаво милина околу куќа се да имаш нешто од секое дрвце, се да се има во дворот се е убаво. Ќе можеш да си скинеш се тазе, а се на пазарот да одиш и да купуваш, треба да го чуваш дома па се суши и се расипува.“ – изјави Станка

Годинава за разлика од претходната е намален бројот на род на кајсиите во дворот на Станка, вели дека доколку цветот го фати роса и слана тогаш се проретчува, а многу често и однемува плод. Со години наназад на кајсијата имало род и по 100 килограми, но со текот на годините родот се намалува, вели дека тоа многу зависи од временските услови.

„Лани имаше повеќе, годинава на едни места има на други не, така ми се чини. Во цветот кога цфте и фати некоја роса како слана и затоа се проретче на некој места и однема. Најчесто сок снаата кога има време праве, таа е благосемка, ги отсрани семките, ги вари, цеди, водичка во шишиња ги врие, компот може да се прави, слатко.“ – додава Станка

Најчесто во нејзиниот дом кајсиите се користат за правење на сок, затоа што кајсијата е благосемка. Сокот на начинот на кој го подготвуваат најпрво треба да се отстранат семките, потоа да се варат кајсиите, да се процедуваат и да се стават во шишиња. Но понекогаш од кајсиите подготвуваат и компот.

Лаура Стојанова, М-Нет