
Главната причина за намалување на крвни едници за време на летниот период е заминување на годишни одмори. Иако летото се јавува зголемена потреба на крвни едницини поради честите сообраќајки се намалува бројот на крвни единици. Една од најхуманите работи е дарување на крв, но не секој може да дарува поради својата здравствена состојба. Секој здрав човек хумано е да дарува крв затоа што не се знае кога и на кого ќе затреба, велат анкетираните граѓани.
„Па има логика да се намали бројот на крводарители затоа што луѓето често заминуваат на годишни одмори, само тоа е една причина што би се намалило. Секој здрав човек хумано е да дава крв затоа што незане кога нему ќе му затреба или на некој близок. Инаку можам да кажам дека јас сум крводарител додека можев сега годините не ми дозволуваат. Првиот ден се осеќам малаксано и поспано, многу е добро од медицински аспект за самиот донатор. Летото луѓето се многу помалку присутни по градовите, а тогаш се случуваат сообраќајки и незгоди и во тој период треба повеќе крвни едниници.“ – велат граѓаните
Хуманите граѓани велат дека даруваат многу често па повеќе и од триесет пати, не се соочуваат со проблеми, а велат дека летниот период внесуваат многу витамини и крвта многу побргу се обновува. Анкетираните велат дека подобро е кога даваат директно крв на лицата на кои им е потребно.
„Над триесет пати имам давано крв. Немам проблем летото е подобро. Овошје јадеме и многу бргу се обновува. Па спасуваш човечки живот, тоа е најбитно. Најдобро е крвта да се дава директно во болницата да видиш каде ти оди крвта.“ – додаваат граѓаните
Од Општинската Организација при Црвен Крст Штип велат дека во текот на летниот период се јавува зголемена потреба од крвни единици, затоа упатуваат апел до сите граѓани да се вклучат во крводарителските акции и да дадат свој придонес во обезбедувањето на стабилни резерви на крв во интерес на колективното здравје.
Лаура Стојанова, М-Нет