Николче Шаркоски си замина од Воска Спорт, кариерата ја продолжува во нов клуб!

Уште едно заминување од редовите на Воска Спорт, фудбалерот од среден ред Николче Шаркоски замина од охридскиот прволигаш и кариерата ја продолжува во нова средина, а заминувањето од Воска, Шаркоски го потврди за телевизија М Нет.

Шаркоски во Воска Спорт пристигна од редовите на Работнички, а во својата кариера има настапувано и за Брера Струмица и прилепска Победа.

Оваа сезона во дресот на Воска Спорт, Шаркоски одигра 12 натпревари каде постигна еден погодок.

Шаркоски кариерата ја продолжува во нов клуб, интересот за прилепчанецот е голем, па останува да видиме во следниот период за која понуда ќе се одлучи Шаркоски и каде ќе ја продолжи својата кариера 30-годишникот.

Александар Ванев, М-Нет