
Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова по пет години си заминува од шпански Леванте и кариерата ќе ја продолжува во нова средина.
30-годишната Неготинка пет години беше дел од овој шппански клуб, а за Леванте одигра 140 натпревари на кои постигна 24 погодоци. Својата кариера Андонова ја започна во Тиквешанка, потоа настапуваше за велешки Борец од каде замина во Турбине Потсдам, следуваше трансфер во Розенгард, па трансфер во ПСЖ, од каде Андонова заминува во Барселона, а дресот на каталонскиот гигант го носеше две години во период од 2017 до 2019 година кога Андонова заминува во редовите на Леванте.
Од клубот и се заблагодарија на Андонова за досегашната соработа посакувајќи и среќа во понатамошниот тек од кариерата.
Андонова има повеќе од успешна кариера настапувајќи за најдобрите европски клубови кога е во прашање женскиот фудбал. Сега пред 30-годишната Андонова е нов предизвик каде ќе ја продолжи кариерата и кој ќе биде нов клуб во нејзината кариера.
Александар Ванев, М-Нет