
Три пријави за насилство во сопствениот дом се регистрирани во Полициската станица во Штип. Две од пријавите се однесуваат за семејно насилство.
Вчера 25 годишна жена пријавила дека околу 14.00 часот во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот невенчан сопруг Ќ.С.. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Вчера С.П. пријавил дека неговиот татко Г.П.(61) во семејниот дом физички ја нападнал неговата 52 годишна мајка. Од страна на полициски службеници Г.П. бил лишен од слобода. Се работи на расчистување на случајот, по што против Г.П. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Вчера 47 годишна жена од Штип пријавила дека во семејниот дом била физички нападната од Ц.Т.(66) од Штип. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.