МЕГА ТРАНСФЕР: Нани му кажа ДА на Гостивар, португалската ѕвезда доаѓа во Македонија!?

Голем мега трансфер ќе се случи во македонскиот фудбал, португалската ѕвезда Луис Нани му кажа ДА на Гостивар и со тоа ќе заигра во Првата македонска фудбалска лига, а тоа дефинитивно ќе значи дека 37-годишниот Португалец ќе биде најзвучното име кое заиграло во македонската фудбалска елита.

Гостивар не се шегува и за следната сезона носи големо засилување, како што објави „Euforia“ повикувајќи се на свои извори, поранешниот играч на Манчестер Јунајтед дал позитивен одговор и доаѓа во Македонија облекувајќи го дресот на Гостивар.

Нани во својата кариера играше за Манчестер Јунајтед, Спортинг, Лацио, Фенербахче, Валенсија, Орландо, Венеција, Мелбурн и турска Адана.

37-годишниот искусен фудбалер во својата кариера ја има освоено Лигата на шампионите, Лига Европа, Светско клупско првенство на ФИФА, англиската Премиер лига, како и фудбалскиот лига Куп на Англија.

Гостивар преговара и со Матју Валбуена, а во следниот период ќе видиме каков ќе биде исходот од преговорите на Гостивар со 39-годишникот!

Александар Ванев, М-Нет