
Денес учениците од основните училишта ја завршија оваа учебна година. Учениците заклучно со денешниот ден 17 јуни завршија уште една успешна учебна година. За прв пат основците до денес ги посетуваа училишните клупи.
Имено учениците учебната година ја започнаа на 1 септември. Второто полугодие го започнаа на 22 јануари 2024 година. Средношколците годинава на училиште одеа до 10 јуни, а основците до 17 јуни. Во второто полугодие учениците користеа и пролетен одмор од 29 април до 6 мај.
На 20 јуни деветооделенците ќе можат да се запишат во средно образование. На територија на Штип слободни се 762 места.
„Денес завршува учебната година за учениците од основното образование, девето одделение завршуваат вкупно 408 деца, кои што ќе го продолжат своето образование во некое од средните училишта. Инаку уписот во средните училишта започнува на 20 јуни, првиот уписен рок ќе трае пет дена и слободни се 762 места во нашите средни општински училишта.“ – изјави Аџипетров
Во новата учебна година 559 првачиња соогласно податоците од СВР Штип треба за прв пат да седнат во училишните клупи. Од општината посочуваат дека најголем број на правачиња се запишуваат во месец септември.
„До овој момент имаме запишано деца на ниво на претходната година. Минатата година овој период имаме 375 деца, а сега имаме 386. Тенденцијата покажува дека секогаш во месец септември имаме дополнителен број на деца кои се запишуваат во прво одделение.“ – додава Аципетров
Основците од утре 18 јуни, па се до 31 август се на летен одмор, а од први септември започнуваат на училиште. Учениците од средните училишта веќе го користат летниот распуст. Според Конкурсот за запишување во средно образование првото електронско пријавување е од 20 до 25 јуни, а второто на 1 и 2 јули.
Лаура Стојанова, М-Нет