
Познатата трговска компанија „Аџико“ која постои повеќе од 30 години, денес прославува пет години од ,,Аџико Хоме Центар” во Трговскиот центар во Штип. Продажните салони кои граѓаните можат да ги посетат се наоѓаат во Штип, Куманово, Гевгелија и Скопје. Во хоум центрите на „Аџико“ се наоѓаат голем број на производи. Предмети за домаќинства, опрема и аксесоари за бања, ламинати, плочки, играчки, бебешка опрема, но и електрични апарати и алати се дел асортиманот што нуди оваа компанија.
Со својот врвен квалитет и препознатливост, активно го развиваат бизнисот и планираат на поголемо раширување низ државата. Покрај целата можност за квалитетна роба во компанијата, од оваа година активно е вклучена и нивната онлајн продавница Аџико мк, каде граѓаните ќе имаат можност за купување од дома.
Лаура Стојанова, М-Нет