
Можност за разладување, капење и уживање на високите летни температури, нудат овогодишните базени во државава. Граѓаните на општина Штип велат дека е неопходно капењето и дека тоа е единствен спас од летните горештини. Поголем број од младата популација ги посетуваат базените ширум државава, а некои остануваат во Штип. Анкетираните граѓаните за М-Нет тв, велат дека во моментот тоа е потребно во градот и очекуваат отворање на базенот што побрзо.
“Да треба, многу треба, јас сум студент“ -велат граѓаните.
Голем број од граѓаните велат дека, од една страна капењето е можност за дружење и разладување во летото, а од друга страна е здраво за телото и дишните патишта.
“Многу е важно за да се развиват децата. Пливањето во рамењата се шират, дишните патишта исто, важно е“ – додаваат граѓаните.
Согласно со ситуацијата, лекарите апелираат големо внимание при капењто. Односно пред влегување во базен , телото да се адаптира на температурата со цел да не дојде до несакана реакција. Воедно да се зголеми конзумација на течности се со цел да не се доведе до несакани последици.
Лаура Стојанова М-Нет