Лазаревски, Ангелевски и Фејзуловски од Пелистер повикани на репрезентативниот камп во Дојран

ФОТО: Телевизија М Нет

Генерација 2008 на фудбалскиот клуб Пелистер е еден од најперспективните од која во иднина се очекува напад и на шампионската титула, секако и значајно место во младинските селекции на фудбалската федерација на Македонија.

Веќе во тек е собирот во Дојран на кампот на репрезентацијата на Македонија до 16 години, кој ќе се одржува до 16. јуни, а од Пелистер се повикани тројца млади талентирани и перспективни фудбалери.

Филип Лазаревски, Давид Ангелевски и Енвер Фејзуловски се тројцата фудбалери од битолски Пелистер кој се повикани од страна на селекторот Раде Каранфиловски.

Со одличните игри тројцата фудбалери се ставија на радарот на селекторот Каранфиловски, а тоа резултираше со повик на репрезентативниот камп во Дојран.

Александар Ванев, М-Нет