
Нова машина – ровокопач набави ЈП „Стипион“, за сопствените потреби. Новата машина е со специфични карактеристики и ќе се користи за ископ на земја на тешко пристапен терен. Директорот, Панче Стефановски, истакна дека ова е од голема потреба на ЈП „Стипион“, бидејќи има голем број улици и терени кои се тешко пристапни и потребна е машината за полесно, побрзо и поефикасно да се извршуваат работите на терен. Посочи дека оваа машина ќе им овозможи побрза изградба, како и чистење на теренот на тешко достапни места.
„Согласно планот за јавни набавки за тековната година ЈП „Стипион“ изврши набавка на градежна машина ровокопач. Оваа градежна машина работи брзо и ефикасно во специфични работни околности и тешко пристапни места. Вкупната вредност на набавката е 2,5 милиони денари пари од Буџетот на претпријатието“ – вели Стефановски.
Стефановски истакна дека во наредниот период согласно потребите на претпријатието ќе се набават и нови машини кои ќе бидат од корист за сите. На таков начин ќе се работи побрзо, поефикасно, а со тоа ќе се излезе и во пресрет на потребите на граѓаните.
Стефановски истакна дека оваа машина ќе има примена за специфични операции при изградба на тротоари, улици, атмосферска канилизација, чистење или уредување на коритото на река Отиња. Штип има карактеристична конфигурација на терен, но и улици во одредени делови на градот, чии коловози се потесни и не се стандардни.
Лаура Стојанова М-Нет