Александар Нехтенин од Брегалница доби покана за учество на репрезентативен камп!

Младиот фудбал Александар Нехтенин од младинската школа на штипска Брегалница доби покана од селекторот Раде Каранфиловски за учество на камп за македонската репрезентација до 16 години.

Ова е уште една потврда за одлични игри на младиот фудбалер, кој се наметнува кај селекторот Каранфиловски.

Кампот ќе се одржи во Дојран во период 10. јуни до 16. јуни годинава, а од неговиот мачитен клуб му честитаа за поканата да учествува на репрезентативниот камп и му посакаа многу погодоци.

Александар Ванев, М-Нет