Продолжува полагањето на вториот дел од државната матура во средните училишта во Штип

Денес на територијата на државата во тек е полагањето на вториот дел од државната матура по екстерните предмети англиски јазик и математика. Тестирањето е започнато во 10 часот и предвидено е т да трае околу 180 минути. Во средното медицинско училиште во Штип 203 ученици полагаагат англиски јазик додека математика полагат тројца ученици.

„Денес се полага вториот дел од државната матура, тоа е предметот англиски јазик и математика. Во нашето училиште имаме 203 ученици кои полагаат англиски јазик и тројца ученици кои полагаат математика. Испитот треба да запопчне во десет часот односно 10:15 и трае 180 минути и се надевам дека ќе имаме успешен ден и дека се ќе помине во најдобар ред.“ вели Николиќ

Во СОУ „Коле Нехтенин“ во Штип од вкупниот број пријавени ученици, околу 107 полагаат англискијазик, додека 10 ученика полагат математика

„Од вкупниот број пријавени кај нас полагаат 107 англиски јазик, 10 ученика полагаат математика. Се е во најдобар ред и сме спремни да отпочне самиот процес на полагањето. Испитниот процес ќе трае малку помалку од македонски јазик односно 180 минути.“ посочи Шалева

Бројката на ученици кои полагаат во СОУ „Димитар Мирасчиев“ во Штип е помала од остантатите па затоа истите полагаат во просториите на СОУ „Коле Нехтенин“ во Штип

„Средното општинско училиште „Димитар Мирасчиев“ од Штип денес го започна полагањето на вториот дел од екстерните предмети кои што го полагаат по предметот англиски јаик. Бидејќи нашите ученици се во помал број затоа се наоѓаме за полагање државна матура во СОУ „Коле Нехтенин“ – Штип.„ додаде Варадиновска

Според концепцијата за државна матура и завршен испит, учениците полагаат два екстерни и два интерни предмета. Задолжителен за сите е маедонски јазик кој учениците го полагаа претходната недела, прелиминарни резултати ќе има најдоцна до 8 јули.

Лаура Стојанова, М-Нет