На 80 години Јана Манојлова од село Уларци копа бавча, коси трева, вози трактор

80 годишната Јана Манојлова од село Уларци повеќе од половина век живее овде. Со утринско кафе и започнува денот и работи во бавча. Пред камерите на М-Нет телевизија вели дека сама ја одгледува бавчата, го уредува дворот, се занимава со производство на ориз, но и градинсрски култури.

Нејзините деца се во Словенија и затоа таа живее сама. Се снаоѓа сама вели, но живот овде нема. Селата се пусти, младите надвор од границите на државата.“ – вели Манојлова.а

„Се работам, и косам двор, и копам и одржувам куќа, децата не ми се овде тие се во Словенија. Значи, тука живот нема.“ – вели Манојлова.

За разлика од денеска, претходно вели во поголема мера се занимавале со земјоделство и производството на градинрски култури. Но, денеска нема кој да работи и затоа произведува само за себе.

„Занимавав се со земјоделие, 20 хекатари земја имаме, осгледуваме ориз само и градинарство“

Во село Уларци има само една продавница. Игранки, корзо, кино тоа е сега минато. Манојлова додава дека некогаш се живеело многу подобро за разлика од денеска.

„Порано имаше подобар живот, поубаво беше, а сега е катастрофа. Имаше игранки, кино имаше, пеачки доаѓаа, сега нема ништо,. Се е запустено, една продавница и толку.“ – додава Манојлова.

Ќе работи додека може вели баба Јана, ќе произведува додека може, а ќе го уредува и дворот и бавчата. Но загрижува фактот што по неа нема кој да го продолжи сето ова оти младите се иселени и од селата и од државата.

Лаура Стојанова, М-Нет