Дреново е шампион во ОФЛ Кавадарци и стана нов член на Трета лига – Југ

Екипата на Дреново без пораз стана шампион во Општинската фудбалска лига во Кавадарци и со тоа стана нов третолигаш.

Дреново одигра одлична сезона во ОФЛ Кавадарци во сезона во која екипата на Глишиќ не ја започна сезоната, додека пак Сирково на дното без ниту еден освоен бод. Најблиску од Дреново беше екипата на Ваташа која заврши на второто место, како и поранешниот третолигаш Габер кој финизираше на третоот место, но Дреново без посериозна конкуренција лесно стигна до целта да биде шампион и да заигра во Третата македонска фудбалска лига – Југ за следната сезона.

Во последното коло екипата на Дреново со 3:1 славеше во дербито со второпласираната Ваташа и со тоа екипата на Дреново го подигна шампионскиот пехар. Пред новиот член на Трета лига – Југ е период на организација на повисоко ниво и претставување во најдобро светло, а тоа ќе значи и повисок буџет, но и ангажирање на неколку нови играчи.

Александар Ванев, М-Нет