Со донации се работи на црквата „Света Варвара“ во Уларци, потребни се средства за доградба на истата

Со помош од страна на жителите во село Уларци, донации од граѓани и бизнисмени започна доградбата на црквата „Света Варвара“ во село Уларци. Црквата претходно била изградена само до плоча и во таква состојба стоела долг временски период. Изминатите два – три месеци интезивно се работело со што се доградил делот после плочата, а луѓето кои се во можност донираат со цел оваа црква целосно да биде завршена. Селска слава се слави на празникот Цар Константин и царица Елена, кој се празнува на 2 и 3 јуни.

„Црквата се изгради со помош на донации, кој колку може и колку има собиравме пари за да се направи црквата. Во истата имаше само плоча, за два до три месеци се изѕида нагоре и тоа со мајстори од Албанија.“ – вели претседателот на цркковниот одбор.

Селото Уларци беше единственото село кое немаше своја црква. Со голем број на донации и помош од страна на граѓаните, се работи со цел да се изгради црквата.

„Потрудија се луѓето, напаравија ја црквата за скоро време. Црквата е општо добро за православието, за нашиот народ. Ние бевме единствени кои немавме црква.“ – велат граѓаните.

Бараат помош од сите хумани граѓани кои се во можност да се вклучат во акцијата, да донираат финансиски средства или да помогнат со цел да се заврши црквата „Света Варвара“ во село Уларци.

Лаура Стојанова М-Нет