Започна темелна реконструкција на подземната инфраструктура на булеварот Партизанска во Штип

Промена на подземната инфраструктира на булеварот Партизанска, ќе се врши промена на застарената главана водоводна мрежа. Градоначалникот, Иван Јорданов од лице место посочи дека се предвидува целосна промената на половина век старата линија и со тоа решавање на еден од најголемите проблеми за граѓаните.

„Овде се работи подземно согласно проектот. Ќе се врши промена на застарената азбестна главна ниска зона, водоводна линија. Досега оваа линија правеше најголеми проблеми, оваа ниска зона е стара повеќе од 50 години. Се предвидува комплетна реконструкција на подземната инфраструктура.“ – вели Јоранов.

Во меѓувреме се работи и на булеварот Гоце Делчев, односно се инсталира нова водоводна Линија 2. Храбар чекор на општината, вели Јорданов е да се работи на вакви капитални проекти за кои во минатото само се зборувало, а никако не се реализирале.

„Паралелно се работи и на булеварот Гоце Делчев. Овде се инсталира нова водоводна линија 2, исто така водоводна линија којашто ќе овозможи повисок притисок и нормално водоснабдување на жителите од Три Чешми, Пребег, Железничка и Плуждино“ – додава Јорданов.

Во оваа прилика Јорданов упати извинување до граѓаните доколку останат без вода за пиење, но дециден е дека проблемите мора темелно да се решаваат. Додава дека се работи со засилена динамика со цел побрзо да завршат активностите на терен.

Лаура Стојанова М-Нет