
Екипата на Њу Старс стана нов третолигаш, откако на вториот бараж натпревар славеше со 2:1 над Студеничани и патува во Третата македонска фудбалска лига – Север.
Голем и силен беше мотивот на младата екипа на Њу Старс против екипата на Студеничани која е составена од искусни фудбалери кои во минатото настапувале во Првата македонска фудбалска лига, а имале и меѓународни кариери.
Натпреварот кој можевте да го следите на телевизија М Нет резултатски беше отворен во 22. минута со голот на Борјан Томовски, резултат со кој се замина на полувреме. Во вториот дел измените вродија со плод, па така Фати Јусуфи израмни на 1:1. Не требаше долго, веќе во 60. минута Александар Грашески ги постави конечните 1:2.
Иако статистички Студеничани беше подобар, сепак Њу Старс стигна до место во Трета лига – Север, а тоа значи дека младинците на Њу Старс следната сезона ќе настапуваат во младинската Суперлига.
Њу Старс на првиот бараж меч загуби од Ржаничино, но со неколку промени во составот во однос на првиот бараж меч, Њу Старс го доби Студеничани.
Нови членови на Трета лига – Север се екипите на Њу Старс, Ржаничино и Пчиња, а од лигата испаднаа ССК Нова, Петровец и Бутел.
Александар Ванев, М-Нет