Паричните средства од изложбата во Чикаго на штипјанецот Драган Гелев заминаа како донација на црквата

По повод патрониот празник на македонската православна црква Св. Кирил и Методиј во Чикаго беше организиран 3 дневен настан со спортска и културна манифестација. Штипскиот уметник Драган Гелев кој живее во Швајцарија беше гостин со неговите уметнички дела. Беа изложени 20 слики кои се продадоа во рекордно време а средствата беа донирани на самата црква. Штипјани дојдоа да го поддржат Драган каде имаше штипска вечер на самата изложба проследена со коктел забава. Исто така децата кои го изучуват македонскиот јазик во рамките на самата црква имаа приредба со македонски песнички и рецитал, играорците исто така земаа учество во програмата со изведба на македонски фолклорни песни.

„Домот е таму кадешто си меѓи своите, значи и оваа е една од поубавите вечери исто како и вас. Ве поздравувам, чувајте се Македонци каде и да сте, убаво е да се собере вака за убави работи„ вели Гелев

Драган е автор на повеќе од 200 дела, неговата уметност припаѓа на модерниот експрезионизам. Неговите дела ги има насекаде низ светот: Њујорк, Хелсинки, Луцерн, Маинц, Белград, Скопје, Штип. Од страна на одборот на црквата беа доделени признанија на помагателите на црквата меѓу кои се најдоа многу штипјани кои несебично секогаш се тука за македонската заедница во Чикаго и околината.

Лаура Стојанова, М-Нет