
Во денешно време поголем број на студенти се одлучуваат да работат додека студираат. Оваа пракса се покажува дека добро функционира за студентите кои можат да го менаџираат времето за работење и за учење. А исто така претставува можност самите да заработат некој денар за себе и да не претставуваат товар на родителите. Често овие препреки и нивното не осамостојување знаат да го разгогат жарот и да предивизкаат караници помеѓу семејните членови. Анкетираните граѓани за М-нет телевизија едногласни дека ова е добра одлука која треба да претставува мотив и останатите да ја практикуваат
„Добро е како не е добро сите млади такви треба да бидат. Да учат , да работат да помогнат на татко на мајка. Државата пропаѓа оти нема работници, нема фабрики, нема плати добри и народо ќе бега по странство, тоа е нормална работа. Нормално секоја младина треба да си има бар 500 денара у џебо за да може да седне у кафичо да се напие некое кафе, да испуше некое цигаре, сок да се напие а нне со празни џебови. Нормално да се карат дома“
„Работат поради тоа што имат пари и школо ќе завршат. Поради тоа мислам дека е добро . Како не е добро, тоа е убаво кога има работа убаво е. Има ги ногу од тие да, тие се 80% шо чекат од дома убаво е тоа“
Не секогаш заработените парични средства се доволни да се покријат трошоците за факултетското образование и излегувањето на младите. Па затоа понекогаш ја користат можноста да заработат и некаде надвор од државата
„Меѓувреме да работат да имат време за учење, доаѓаат да студираат да завршат школо, покрај тоа добро е да се работи нешто што можат да им помогнат на родителите исто зависи сите не се финансиски издржливи како треба. За сами да се издржават мислам дека не е доволна ако од страна доаѓаат да учат тешко дека ќе можат да се издржават сами. Па помош ако нема бидејќи некои кои немат што да заработат идат на сосем друг правец кај што не треба“
„Такви прилики немало пружено да може да одиш да работиш и да учиш. Има студени можат да пропуштат некоја година и да продолжат. Па може некаде да работи да спечали некоја пара , може тука може надвор. Можностите се големи за младите ја рачунам дека големи се и за вработување. Се бира некако работата а и се пружат прикили и со западниот свет.“
За младите ова треба да претставува мотив плус за да понатаму ја практикуваат оваа навика, која истовремено ќе им овозможи да имаат финансиски средстваа во секое време но и да се фокусираат на студиите, со тоа што нема да претставуваат терет на родителите
Лаура Стојанова, М-Нет