Отворен ден на средните училишта во Штип, идните средношколци со можност да се запознаат со условите

Презентација на профили, нудење соодветно знаење и придобивки – штипските средни училишта денеска имаа отворен ден за идните средношколци. Секое училиште посебно понуди програма со која средношколците може да се запознаат и продбивки кои ги нудат за да го продолжат понатамошното образование. Градоначалникот, Иван Јорданов посочи дека вложувањето во образованието придонесува за да се трасира вистинскиот пат на учениците.

„Да го изберат правиот пат во животот, да се стекнат со соодветно образование преку кое во иднина ќе генерираат развој и во општеството и во нашиот град. Убеден сум и сугурен сум дека преку вложувањето во образованието, преку преносот на знаење кој се одвива во средните училишта дека на вистински пат се трасира патот на нашите ученици со кои во иднина ќе се гордееме“ – вели Јорданов.

Соодветно образование, низа профили, дуални паралелки нудат средните училишта во Штип. Целта е идните средношколци да се стекнат со соодветно и квалитетно образование, да ја работат професијата која ја посакуваат и да се градт во вистински личности со што ќе придонесат и за развој на градот.

„Гимназијата „Славчо Стојменски“ е отворено и динамично училиште и нуди на идните средношколци да се здобијат со соодветно образование од сите области“ – вели Ристова.

Средношколците кои се дел од средното медицинско училиште во Штип на пример велат дека се задоволни од образованието и она што ги чека во иднина со оглед на фактот дека недостасува медицински кадар во државата.

„Потребен е медицински кадар и затоа има доста предности. Ние сме забни техбичари, нашата професија бара доста креативност“ – велат студентите.

Занает, општо образование, медицинска струка, текстилна струка или музика – избор е на идните средношколци кои понатаму продолжуваат со своето образование, а вратите на средните училишта во Штип се отворени за сите оние кои сакаат да се запишат во некое од нив.

Лаура Стојанова М-Нет