Улиците за игра денес празни, децата се повеќе стануваат зависници од телефоните

Се наоѓаме во време во кое децата и младите се зависници од мобилните телефони и постојно се им раце, велат анкетираните штипјани за М-Нет телевизија. Во ова време не само децата туку родителите и сите останати користат мобилни телефони се занимаваат и учат нешто. Но, за децата влијае многу негативно затоа што постојано се на телефоните, а не како порано да си играат на улиците.

„Не само децата и старите се зависни од тоа. Во наше време го немаше тоа, но сега ние иако сме стари повеќето сме со мобилни телефони. Има занимација има што да се виде и што да се науче. Врз децата негативно, тоа ногу лошо, малите децашто се учат уште од две години три телефонот да го држат, тоа не е било во наше време. Биле сме повеќето на улицата надвор излезени играле сме си дружиле сме се. Сега децата ги држат телефоните цело време уклучени се и уопште немаат рекреација. Инаку телефонот е добра ствар зависи за кој.“

„Е да зависници се од телефоните цело време се на нив, слушат, гледат, пратат. Треба да се контролира си го замараат мозокот, аи очите ќе ги болат. Се може да се гледа на тоа.“

„Негативно затоа што децата се никакви веќе. На телефоните, на интернет на се, интернето е веќе на телефоните.“

„Има го тоа малку што се по критични и критикуват многу не треба, треба да се конторилраме што ќе кажеме.“

Соогласни штипјаи дека телефоните влијаат негативно врз децата, затоа и децата се такви какви што се. Се зголемува бројот на дечиња кои носат очила, си ги замараат мозочињата со непотребни информации. Штипјани на ова ја гледат кривицата врз родителите кои треба да водат контрола врз своите деца, и да поминуваат заедно со нив време на рекреацијa.

Лаура Стојанова, М-Нет