
Денес во Штип со еколошката акција„Генералка викенд“ вработените од општината собираат отапд на осум локации. Целта на ова акција е да се собере што повеќе отпад кој е расфрлан по улиците и тортоарите за нашиот град да има убава слика. Вработените од општината се поделени на повеќе лоации со цел да се опфати поголема територија која ќе може да се исчисти денес, вели Координаторот Везенков.
„Денес се одржува еколошката акција „Генералка викенд“. Оваа еколошка акција се одвива на територијата на цела држава. Денес на 18 е во општина Штип. Вработените во општина Штип се поделени на осум локации првата во централното градско подрачје, потоа на исарот кај споменциците, кај градскиот архив, во насселба 8 ноември, Сењак во Пребек. Но и врабптените од ЈП Стипион се во населба Баби. Нашата цел е што можеме повеќе да собереме отпад кој е расфрлан по улиците по тортоарите и со тоа да дадеме една убава слика на нашиот град. “ – изјави Везенков
Имено еколошката акција се одвива насекаде во рамките на нашата држава, па денес 18 мај се одвива и во општина Штип. Каде се надеваат дека оваа ќе слуши за пример на граѓаните да си ја чуваат својата околина и да живеат во чиста средина.
Лаура Стојанова, М-Нет