
Втора година по ред УГД Штип беше домаќин на настанот „Недела на претприемништвото“. Студентите имаа можност да бидат дел од настанот за отворање на стартап компании и да отворат свој сопствен бизнис. На настанот учествуваа и прставници од факултетот од Луцерн, Швајцарија кои втора година по ред се дел од овој настан.
„Во рамки на настанот нудиме бесплатна помош на нашите Старт ап компании, особено од Источниот регион на Македонија и истовремено работиме на едукативната компонента односно ги подучуваме и поттикнуваме младите да започнат свој бизнис однонсо да влезат во светот на претприемништвото.“ вели Коцевски.
Ова е пример во кој правец треба да се движиме како универзитетски град, посочи на денешниот настан градоначалникот Јорданов. Истакна дека очекува голем број на нови стартап компании, со што ќе се зголеми и бројот на вработени.
„Соработувајќи со нашиот универзитет, рализирајќи го овој проект, пренесувајќи ги нивните знаења, вештини на нашите студенти, млади претприемачи кои се надевам дека преку стекнувањето на искуства, ќе формираат старт ап компании и со тоа ќе генерираат развој. Дефинитивно образованието е носител на промените, а јас се надевам дека преку ваква соработка која е воспоставена и преку надоградување на соработката“ – вели Јорданов.
Со ова се дава голема можност на студентите да бидат дел од предавањата за отворање на стартап компании, односно фирми. Потребно е да се има тим, идеја и план.
„Вие учите многу многу тешко ако создавате вообичаен бизнис потребен ви е добар тим, идеја и ви е потребен доста чист и јасен план. Ако го имате ова, тим, идеја и план тогаш може да се поврзат нешата и на тој начин да се создаде стартап бизнис односно компанија.“ – вели
Ова е можност да им се помогне на младите да се мотивираат, да градат нови бизниси и да се отворат нови работни места.
Лаура Стојанова М-Нет