Дивите пазарџии остануваат проблем околу пазарот во Штип и за купувачите и продавачите

Проблемот со дивите пазарџии на градскиот пазар во Штип и денеска ги вознемири оние кои редовно и чесно плаќаат за продажба на нивните производи. Продавачите на пазарот се децидни дека редно време е да се преземат мерки за отстранување на дивите пазарџии, бидејќи не плаќаат ништо, се поставуваат каде ќе посакаат, а им ги крадат муштериите.

„Мислам тоа е проблем на главните во пазарот, треба да се превземат мерки, затоа што ние овде имаме големи трошоци, а тие не плаќаат ништо. Не се регуларни, многу лажат, крадат на вагите, ние сме редовни пазарџии и не сакаме ниту 100 грама да недостига на купувачите, за и следен пат пак да дојдат. Еден период овде беа исчистени дивите продавачи, беше исчистен пазарот.“ – изјави граѓанин

Единствен проблем не е само во тоа што не плаќаат за тезгите. Истите ги лажат луѓето, ги крадат на мера, и од некои тезги им недостигаат оклу 300- 400 грама, велат продавачите. Затоа кај продавачите кои ја продаваат својата роба не дозволуваат да недостасува ниту 100 грама. Велат дека минатата година ги немало, инспекцијата работела на терен , но денес за жал пак се наоѓаат на пазарот.

„Земјоделците треба, а овие прекупците не. Истите треба повеќе да плаќаат затоа што трипати повеќе заработуваат од земјоделецот што произведува. Па цените се повисоки,да норамлно си плаќат за тезгата, а за другото тоа они си знаат. За дивите треба што побрзо да се отсранат, бидејќо тое не плаќаат никакви придонеси и треба да се остранат. Лани го имавме истиот проблем, оваа година уште повеќе. Имаме се секаде жалено, но нема фајде.“- додаваат граѓаните

И купувачите велат дека треба да сде отсранат дивите пазарџии. Тие треба да плаќаат повеќе затоа што трипшати повеќе заработуваат од земјоделците. Сепак квалитетот на домашната роба не можат да ја заменат пазарџиите на диво кои препродаваат по повисоки цени.

Минатата година на терен постојано беа инспекии, а на терен неколкупати проблемот го решаваше и градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Целата е да не се мамат купувачите, но и да не се продава на места кои не се за таа намена, надвор од просториите на градскиот пазар во Штип.

Лаура Стојанова, М-Нет