Силјановска-Давкова: Време е за четврти Илинден и четврта Македонска револуција

Промотивен митинг на ВМРО ДПМНЕ вчеравечер се одржа во Паркот на револуцијата во Кочани. Време е за четврти Илинден за четврта македонска револуција порача кандидатот за претседател, професорката, Гордана Силјановска-Давкова.

„Претседателот е тој којшто ќе посегне по помилување тогаш кога ќе ја брани правдата, ако претседателот е тој кој ќе дели награди и признанија таму кадешто има основ, значи дека и малото може да биде убаво тогаш кога на големото ќе може да му каже Не“ – вели Силјановска-Давкова.

Изборите се последна шанса да спас – истакна Мицкоски. Посочи дека граѓаните мора да учествуваат и да изберат.

„Овие избори се последна шанса, шанса за спас, шанса во која можеш да веруваш, избор во кој мора да учествуваш.“ – вели Мицкоски.

Македонија да биде држава на среќни граѓани е она што се чека седум години, посочи Ковачки од митингот во Кочани.

Лаура Стојанова М-Нет