Стево Пендаровски утре на голем митинг во Штип на плоштадот Слобода со почеток од 20 часот

Изборната кампања за претседателски избори СДСМ ја започна со повик до граѓаните да бидат дел од митингот кој утревечер ќе се одржи во Штип. Денеска преку прес конференција преставници од граѓански здруженија, повикуваа за подршка на кандидатот за претседател од СДСМ, Стево Пендаровски на престојните претседателски избори, кој утре вечер ќе се обрати пред штипјани. Велат дека овој митинг е втор промотивен митинг, а првиот се одржа во вторникот во Скопје.

Дозволете ми да упатам повик до сите граѓани на Штип и пошироко, да учествуваат на вториот промотивен митинг на претседателот на сите граѓани на Република Македонија, Стево Пендаровски. Да дадеме подршка на сегаѓниот и идниот претседател.Промотивниот митинг ќе се одржи утре петок во 20часот на плоштадот „Слобода“ во Штип

Утрешниот митинг ќе се реализира на плоштадот „Слобода“ во Штип во 20 часот. Претходно митинг на Пендаровски е закажан во Пробиштип со почеток во 18:30 часот и во Карбинци со почеток од 17:30 часот.

Лаура Стојанова М-Нет